Search

Стојаноска од Тетово: Со обновата, Македонија ќе биде земја во која лекарите ќе се заштитени и ќе имаат плата каква што заслужуваат

Вечерва Дафина Стојаноска, носител на изборната единица 6, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја посетија општина Тетово. Стојаноска од Тетово порача дека 15-ти јули е датумот кога ќе огрее сонцето за Република Македонија и за граѓаните, денот кога ќе започне обновата на државата.

„Се наоѓаме пред историски предизвик за нас и за нашите поколенија да се биде или да се не биде Македонец во Македонија. Јас одбирам да се биде. Да се биде човек пред се, и не само тоа, да се биде добар човек, среќен човек, здрав, безбеден и богат. Богат со пријатели, со знаење и секако со сите останати богатства кои секој човек ги заслужува. Јас одбирам да биде Македонија, земја на среќни и богати граѓани“, нагласи Стојаноска.

Стојаноска додаде дека Македонија ќе биде земја во која што младите ќе можат да останат, да се образуваат и да додадат вредност на живеењето. Македонија ќе биде земја во која државата им возвраќа на пензионерите за одработеното кон неа. Македонија ќе биде земја во која лекарите ќе се заштитени и ќе имаат плата каква што заслужуваат. Македонија во која што ќе има денар за сите во спортот и денар за културата. Македонија во која земјоделците се заштитени. Македонија во која владее правото, а правдата е подеднаква за сите.

„Нашиот глас на 15-ти јули нека се претвори во крик и тој крик нека ги распара срцата на оние кои не слушаа, тој крик нека им порача дека Македонија е жива, дека е жив народот во неа и дека сака да си ја обнови татковината. Нека им порача дека и ние имаме право живот да живееме исто како и другите“, истакна Стојаноска.

Стојаноска на граѓаните вети дека Македонија ќе се обнови по 15-ти јули. Граѓаните ќе бидат посреќни бидејќи ќе започне да се почитуваат законите, Уставот и правата.

 

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/279145986668065

Треба да знаете
Последни објави