Search

Стојаноска: Нелогично е седниците на Собранието да се одвиваат онлајн, тоа е спротивно на Устав

Дафина Стојаноска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието во своето гостување во емисијата „25 минути“ на телевизија 24 зборуваше за одржување на онлајн седници во Собранието и посочи дека пратениците мора седниците да ги одржуваат со физичко присуство, а не онлајн како што бара власта.

-Не се гледам привилегирана, а тоа го мислат и пратениците од нашата пратеничка група  и сепак мислам дека додека функционираат и оснататите институции како  фабрики, образование, болници, што ќе се случи ако лекарите се откажат од работа. Навистина е нелогично седниците на Парламентот и сите останати други седници, не станува збор само за пленарни седници туку се и седници на парламентарните комисии, има кои се одбиваат позади камерата да се одвиваат онлајн. Затоа сметам дека без присуство на пратениците во парламентарната зграда во Собранието сметам дека апсолутно не би било она што би била наша задача и должност  по Устав и по Деловник на Собрание, а тоа е нашето присуство и нашето активно учество во носење одлуки и во искажување на ставови и тоа е секако најдобро преку  вклучување на јавноста и секако со нашето присуство во самата зграда на Парламентот, истакна таа.

Стојаноска во своето гостување рече дека во Уставот јасно пишува „присуство“ и според неа тоа е терминот кој власта сака да го измени и подоцна да го злоупотребат бидејќи присуство значи доаѓање во Парламент.

Пратенитчката Стојаноска зборуваше и за Законот за справување со заразни болести и рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ би го гласала тој закон доколку биде се во ред и доколку биде разумен предлог и се согласуваат со она што ќе им биде предложено.

– Законот за справување со заразни болести и ние би го гласале доколку се биде во ред и доколку предложените мерки дали ќе одат преку закон  или преку влада, но повторно преку законот би се инкорпорирале, да би го гласале но сепак да биде еден разумен предлог, а не предлог со кој нешто затскриено ќе се манипулира. Ние би го гласале законот доколку се согласуваме со она што ќе ни го предложат, додаде таа.

 

Треба да знаете
Последни објави