Search

Стотина патници заглавиле на скопскиот аеродром, не им дошол авионот за Хургада

Повеќе од 150 македонски туристи повеќе од 6 часа се заглавени на скопскиот аердром, зашто компанијата „Онуе ер“ не долетала во Скопје за да ги превезе патниците до Хургада, пишува „ПресингТВ“. Патниците изреволитирани заради малтретирањето размислуваат да поднесат тужби против агнециите.

На скопскиот аердром групата, која е прва тура за Хургада во новата туристичка сезона, дошла околу во 02 часот по полноќ, по што авионот на „Онур ер“ требал да полета за Хургада. Но, авион од тогаш нема.

-Повеќе од 6 часа сме на аеродром. Неки се со деца. Смрзнати сме од климите. Најлошо е што компанијата со која треба да летаме „Онур ер“ ветила дека ќе испрати друг авион, од Анталија, но тој го нема на списокот за полетување – вели за Пресинг ТВ Гордана.

Друг патник, од Битола, вели дека преку претставник на неговата агенција дознал дека авио ќе има, но после 10 часот, но и тоа не било сигурно.

https://pressingtv.mk/makedonija/trgnale-za-hurgada-zaglavile-na-skopskiot-aerodrom-6-chasa-chekame-avion-nema/

Треба да знаете
Последни објави