Search

Столтенберг: Русија не претставува закана за НАТО

НАТО не гледа агресија во односите на Русија кон членките на Алијансата, но таа треба да реагира на јакнењето на своите воени способности, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг,пренесува „Спутник“.

Според Столтенберг, на состанокот на лидерите од земјите-членки на НАТО што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември, ќе стане збор за координација на политиките во односот кон Русија и за ситуацијата по раскинувањето на Спогодбата за ликвидација на ракетите од среден и од краток дострел.

„Не гледаме директна закана од Русије за сојузниците. Сепак, сведоци сме на стратешки предизвик, гледаме дека Русија многу вложува во нови современи средства. Затоа мора да обезбедиме сигурна одбрана во се понепредвидливиот свет и мора да вложуваме повеќе средства“, вели тој.

Столтенберг повторно спомена дека Русија го крши договорот во сферата на контрола на Спогодбата за ликвидација на ракетите од среден и од краток дострел, како и дека се поагресивно се однесува кон своите соседи Украина и Грузија.

Истовремено, Столтенберг истакна дека за Алијансата е неопходно и важно да води дијалог со Русија, иако односите меѓу страните не се подобруваат.

Треба да знаете
Последни објави