Search

Столтенберг: Очекувам С. Македонија наскоро да влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на својот Твитер профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, за да ја реафирмира посветеноста на НАТО за пристапувањето на Северна Македонија.

„Процесот на ратификација е на добар пат и со нетрпение ја очекувам Северна Македонија наскоро да влезе во нашата Алијанса“, напиша Столтенберг.

Вчера претседателот Стево Пендаровски изјави дека најдобро би било изборите да се случат по пристапувањето во НАТО затоа што е потребен функционален парламент кој ќе треба да го ратификува пристапувањето откако тоа ќе го сторат сите 29 земји членки на НАТО.

Досега протоколот за пристапувањето со потпишаа 24 земји-членки. Остануваат уште пет – Шпанија, Франција, Холандија, Исланд и САД.

Лидерите на партиите вчера се согласија дека ќе има избори на 12 април, откако земјата не успеа да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави