Search

Столтенберг во Париз ќе разговара со Макрон за „мозочната смрт на НАТО”

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг следната недела во Париз ќе се сретне со  Емануел Макрон за што „подобро да ги разбере” критиките на  францускиот претседател кој пред десетина дена оцени дека „ НАТО е во состојба на мозочна смрт”.
-Следната недела одам во Париз за да разговарам со претседателот Макрон и подобро да ја разберам неговата порака и причините за неговата критика, рече Столтенберг на прес конференција во Брисел.
Столтенберг додаде дека најдобро е да се разговара кога постојат несогласувања.
Макрон неодамна во интервју за британски „Економист” изјави дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт”, осудувајќи го недостатокот на координација меѓу САД и Европа, како и едностраното однесување на Турција во Сирија.
Столтенберг ги отфрли критиките за недостаток на политички консултации за стратешките прашања.
-НАТО постојано разговара за важните стратешки прашања. Тоа го правиме на секоја средба. Меѓутоа, ние сме сојуз од 29 држави и понекогаш постојат несогласувања за пристапот што треба да го имаме, додаде тој.
Според него, за критиките од Франциуја ќе се дискутира и утре на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, на која ќе се подготвува и самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.
Треба да знаете
Последни објави