Search

Стоилов: Тешко ќе ја одбраниме титулата во првенството

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, кој ги предводеше своите соиграчи до две европски титули, по заминувањето на Даинис Криштопанс и Павел Атман потврди дека состојбата во клубот не е како што треба. Тој смета дека сега со актуелната ситуација неизвесна е и титулата во македонското првенство.

-Покрај проблемите и настапите во Лигата на шампионите, веќе треба да почнеме да размислуваме и за натпреварите во домашното првенство. Мислам дека во овој момент во прашање е и шампионската титула во Македонија. Ќе ни биде тешко да го одбраниме трофејот во Суперлигата. Имаме лимитиран ростер, но ќе се бориме до крај, а сезоната е долга и ќе видиме како ќе се одвиваат работите, истакна Стоилов.

Вардар пет сезони во низа е шампион на Македонија, а како најголема закана во плеј-офот во машката Супер лига, која започнува кон крајот на март, му е Еурофарм Пелистер.

Треба да знаете
Последни објави