Search

(Видео) Стоилов нерешива енигма за Феленсбург

Капитенот на македонскиот ракометен првак Стојанче Стоилов беше нерешива енигма за германскиот бундеслигаш Фленсбург во дуелот од 4. коло во групата А од Лигата на шампионите кој му припадна на Вардар (31:26).

Стоилов до пред самит крај имаше маестранен учинок од осум удари и осум постигнати голови. Во самиот финиш Стоилов не реализира два удари и така не ја заврши добрата партија со максимална ефикасност од упатените удари кон противничкиот гол. Осумте постигнати голови беа мајсторија на незадрживиот капитен на линијата од шест метри, кои можете да ги погледнете во видео записите.

Треба да знаете
Последни објави