Search

Стоилковски: Јавноста не доби одговор дали странски служби ги следат претседателските кандидати

Tри дена поминаа, а јавноста сѐ уште нема одговор дали странски служби ги следат претседателските кандидати или тие се само во главата на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Три дена поминаа, а не знаеме дали МВР е целосно неспособно да ги открие странските служби или пак МВР е во соработка со странските служби кои наводно го следат Стево Пендаровски? Три дена поминаа, а не знаеме дали странските служби треба да му бидат алиби на Пендаровски за поразот што го чека или пак СДСМ се обидува да најде причина за следење на опозицијата“, рече Стоилковски.

ВМРО-ДПМНЕ побара од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да одговори дали  државата е безбедна или ја шетаат странски служби. Тој праша, чии се тие странски служби и за кои цели следат и фотографираат, како и дали се безбедни ли се кандидатите.

„Гарантира ли Оливер Спасовски фер и демократски амбиент за изборна трка? Гарантира ли фер и демократски изборен ден? Ако претседателскиот кандидат на власта се чувствува небезбеден како треба да се чувствува кандидат на опозицијата?“, праша Стоилковски.

Според него, Стево Пендаровски веќе го најавил својот втор пораз и ги обвинил странските служби како алиби.

Треба да знаете
Последни објави