Search

Стоилковски: Изрекувањето притвор на Јанакиески и Божиновски е доказ дека нема правда во државата

Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и нивните семејства се жртви на политички прогон, терор и одмазда, изјави денеска на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Решението со кое што им се изрекува притвор на Јанакиески и Божиновски е доказ дека во Македонија нема ни правда, ни правна држава. Во Македонија владее хунта која ги злоупотребува институциите што се политички нагазени од аболицираниот Зоран Заев. Двете решенија се доказ дека Македонија се враќа 70 години назад во 1949-та година. Без докази, без аргументи, без каква било желба да се проверат фактите судот изрекува притвори врз основа на службени белешки фингирани по желба на нарачателот. Не се проверува ни дали се веродостојни, ни колку се веродостојни“ рече Стоилковски.

Додаде дека е доволно да се нарача некој службена белешка и, како што рече, „Кацарска судството“ да стави некого во притвор или затвор.

„”Кацарска судството’ не го интересира тоа што е измислено дека на средбата кај Претседателот Иванов се зборувало за амнестија, а не го интересира ниту да провери и да потврди дека УБК измислила дека Јанакиески и Божиновски имале сметки во странство“, вели Стоилковски и додава дека деманти за политичката конструкција на УБК пристигнале уште веднаш и од страна на претседателот Иванов и од страна на политички прогонетите.

Треба да знаете
Последни објави