Search

Стефанова: Јанева му нанесе огромна штета на СЈО

Обвинителката Лиле Стефанова по завршување на денешното сведочење за „Рекет“, кое заврши со исфрлање на обвинетата Катица Јанева од судницата, рече дека нејзината поранешна шефица му нанела огромна штета на СЈО со нејзините дејствија.

Таа вели дека е разочарана што на овој начин неосновано се дискредитирани предметите и работата на ова обвинителство.

-Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа постапка. Но, без разлика каква пресуда ќе биде донесена, дејствијата за кои Јанева е на обвинителната клупа предизвикаа огромна штета на сметка на специјалното обвинителство и разочараност кај целата правдољубива јавност во државата, изјави обвинителката.

Таа уште еднаш повтори дека нема никаква поврзаност со случајот „Рекет“.

-Јавноста има доволно време и доволно информации да се сфати дали јас како предметен истражител во случајот „Империја“ и вработена во СЈО имам било каква поврзаност со дејствијата за кои Јанева денес седи на обвинителните клупи,  рече Стефанова.

Таа додава дека забрзано се работи на случајот „Империја“ за да добие на ефикаснот и наскоро очекува предметот да добие епилог со донесување на јавнообвинителска одлука.

Треба да знаете
Последни објави