Search

Стевчо Донев од СЈО ќе го води „Триста“

Љубомир Јовески распредели уште еден случај на СЈО, Стевчо Донев ќе го води „Триста“. Донев е четврт обвинител по Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски за случајот „Монструм“, и по Ленче Ристоска за „Талир 2“ кои добија овластувања за веќе почнатите случаи од Јовески. По прекинот на мандатот во СЈО, Советот на јавни обвинители го врати Донев на старото работно место во ОЈО Кочани, но републичкиот обвинител Љубомир Јовески повторно го овластил него да го застапува овој случај. Рочиштето за „Триста“ во Основниот кривичен суд во Скопје е закажано за утре.

Обвинет е поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, за набавка на 300 возила во МВР. Судијка во предметот е Добрила Кацарска, која веќе еднаш го осуди за ова дело на девет години затвор. Но, Апелацискиот суд го врати предметот и пред првостепениот суд во тек е повтореното судење.

 

Треба да знаете
Последни објави