Search

Стартува грејната сезона во Скопје

Од утре почнува грејната сезона во Скопје. Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека сите три оператори утре ќе почнат со дистрибуција на топлинската енергија во домовите кои се приклучени на централното греење. Грејната сезона ќе трае до 15 април идната година.

Доколку надворешните температури се пониски ќе се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно. Кога во овој период за загревање на домовите надоворешната температура ќе биде повисоко и нема да биде потребно затоплување на радиаторите се прекинува испораката на топлинска енергија, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува.

Треба да знаете
Последни објави