Search

Стапката на невработеност во третиот квартал падна на 16,5 отсто

Во третиот квартал стапката на невработеност во земјава изнесува 16,5 отсто. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, таа бележи пад од 0,2 отсто во однос на претходниот квартал кога изнесувала 16,7 отсто.

Бројките покажуваат дека активното население во овој квартал изнесувало 941136 лица, од кои вработени се 785561 лице, а невработени 155575 лица. Во претходниот квартал активното население броело 964248, вработени биле 799546 лица, а невработени159623 лица.

Меѓу невработените кај категоријата од 25 до 49 години стапката на невработеност е 16,1 отсто, додека кај оние од 50 до 64 години 12,6 отсто.

Меѓу невработените имаме околу 3000 лица без образование.

Сектори каде имаме најголем број вработени во третиот квартал се преработувачката индустрија со 154842 лица и трговијата на големо и мало 114.336 лица.

Треба да знаете
Последни објави