Search

Станарите ТЦ Скопјанка уште не смеат да влезат во домовите

Станарите ТЦ Скопјанка уште не смеат да влезат во домовите

Станарите на првиот влез во ТЦ „Скопјанка“ на булецарот „Кузман Јосифовски Питу“ број 15 се уште не смеат да влезат во домовите. На лице место се екипи и од Брзата помош, известен е Центарот за упрваување со кризи. Екипи на Министерството за внатрешни работи вршат увид.

Остриот мириз на кој се пожалија граѓаните и се чувстуваше во влезот на зградата ги натера МВР и Противпожарните служби да ги евакуираат сите станари во влезот.

Станарите со мокри крпи и пешкири на устата излегуваа од своите живеалишта.

Треба да знаете
Последни објави