Search

Среќно заљубената ќерка на Трамп не води сметка за изгледот

Тифани Трамп (25), ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп (73), веќе втора година по ред летува на грчкиот остров Миконос, пишува „Дејли мејл“. Таа ужива во друштвото на своето момче, милијардерот Мајкл Булос, кого таа, наводно, го запознала таму минатата година. Двојката плови на јахта, а околу нив има голем број чувари.

Тифани е на одмор во необично издание – лежерно облечена и со неуредна коса, а папараците не можеа да одолеат и веднаш ја фотографираа. Кога ќерката на Трамп ги видела фотографиите, само се насмевнала и продолжила да ужива во друштво на момчето.

„Таа е среќно заљубена, и во моментот не се грижи за килограмите на кои секогаш ѝ забележуваа”, изјави извор близок до семејството.

Треба да знаете
Последни објави