Search

Средношколец претепан од соученик

Средношколец бил претепан од соученик, вчера во средното училиште „Шаип Јусуфи“ во населбата Шуто Оризари, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 10.30 часот во дворот училиштето.

Тогаш С.Д.(16) од Скопје бил физички нападнат од Ц.Х., двајцата ученици во наведеното училиште. На С.Д. му била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави