Search

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на здружението „Дипломатски клуб” – Скопје

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на здружението „Дипломатски клуб” – Скопје. На средбата беа разменети мислења за севкупните политички состојби во Северна Македонија, како и за предизвиците на дипломатијата на државата.

Претседателот Пендаровски беше информиран за тековните активности на здружението, кое во себе обединува активни или поранешни дипломати. На средбата претседателот Пендаровски истакна дека во пресрет на очекуваната одлука за почеток на пристапните преговори со Европската унија, државата треба да ги насочи севкупните свои капацитети кон реализација на реформската агенда. Претседателот Пендаровски изрази очекување дека Дипломатскиот клуб, имајќи го предвид севкупното искуство на неговите членови, ќе даде придонес кон унапредувањето и зајакнувањето на дипломатската мрежа на Северна Македонија, во насока на успешно креирање и воспоставување на регионалната и меѓународната билатерална и мултилатерална политика, а во контекст на ЕУ и НАТО интеграциите.

 

Треба да знаете
Последни објави