Search

Средба на министерот Нухиу со Јурај Смолек, Шеф на  Оддел  за сигурност и подрршка на заедниците при Мисијата на  ОБСЕ во Скопје

Денеска министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу одржа работна средба со  Јурај Смолек, Шеф на  Оддел  за сигурност и подрршка на заедниците при Мисијата на  ОБСЕ во Скопје

Двајцата соговорници во текот на средбата изразија задоволство од досегашната соработка и високо ја оценија  посветеноста во исполнувањето на заедничките цели, искажувајќи цврста определба за натамошно унапредување. Главниот фокус беше насочен кон идните планирани активности на министерството за внатрешни работи , а беа  разменети  и информации во делот на секојдневното работење, со осврт на актуелните  предизвици и можност за реализирање на обуки и проекти од значење за работењето на МВР . Министерот Нухиу и  г.Смолек, изразија отвореност за натамошна соработка, во полза на заедничките цели за вработените во министерството.

 

Треба да знаете
Последни објави