Search

Средба на министерот Нухиу со Шефот на Програмската канцеларија на УНОДЦ, Вуд

Денеска министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу одржа работна средба со шефот на Програмската канцеларија при Канцеларијата на Обединетите нации – UNODC во Република Северна Македонија, г. Бил Вуд.

На средбата беа разменети информации и гледишта во делот на секојдневното работење, со осврт на актуелните предизвици во работата. Двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка и високо ја оценија  посветеноста во исполнувањето на заедничките цели, искажувајќи цврста определба за натамошно унапредување. Главниот фокус на работната средба беше насочен кон идните планирани активности во борбата против криминалот, особено во правец на презентација на предлог проектите на UNODC: AIRCOP (Воспоставување комуникација меѓу меѓународните аеродроми во реално време) и CCP (Подобрување на менаџирањето со ризици, синџирот на набавки, олеснување на трговијата на граничните премини, со цел, превенција на движењето на нелегални стоки). Во однос на предложените проекти, министерот Нухиу ја даде својата безрезервна поддршка, со укажување на потребата од натамошни консултации и координација со надлежните служби.

И министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу и шефот на Програмската канцеларија на Канцеларијата на Обединетите нации во Република Северна Македонија, г. Бил Вуд го потенцираа ставот дека остануваат отворени за поддршка и натамошна соработка, во полза на заедничките цели и приоритети: откривање, спречување  и сузбивање  на сите видови криминал.

Треба да знаете
Последни објави