Search

Средба на Димитров со новиот амбасадор на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес го прими новоименуваниот амбасадор на НР Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо. Посакувајќи му срдечно добредојде на амбасадорот Ѕуо, министерот Димитров изрази очекување дека односите и севкупната соработка меѓу двете земји дополнително ќе се продлабочат и интензивираат во текот на мандатот на амбасадорот Ѕуо во Република Северна Македонија. На средбата беше изразено заемно задоволство од воспоставениот политички дијалог меѓу двете земји, како и од степенот на развој на економската соработка, што ги вклучува и активностите и проектите во рамки на „Процесот 17+1″. МНР Димитров исто така ја истакна подготвеноста за понатамошно унапредување на севкупната соработка. Амбасадорот Ѕуо го нагласи своето задоволство што доаѓа во пријателска држава со која минатата година беа одбележани 25 години дипломатски односи. Истакна дека за време на неговиот мандат во Република Северна Македонија, ќе работи на натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и издигнување на економската соработка на уште повисоко ниво.

Треба да знаете
Последни објави