Search

Средба Димитров- Чавушоглу

На покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, на 15 и 16 јули 2019 година, министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, престојува во официјална посета на Република Северна  Македонија.

На средбата меѓу двајцата министри беа разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји, како и за можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес. Со ратификацијата на Пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО од страна на Парламентот на Република Турција е само потврдена блиската соработка и сојузништво меѓу двете земји кои сега и формално ќе бидат заедно во НАТО Алијансата.

 „Ние бевме сојузници од самата независност на државата, а со Ратификацијата го формализиравме тоа сојузништво во поширок евроатлантски контекст. Пристапувањето на Република Северна  Македонија во НАТО ќе ја помести државата надвор од регионалните процепи на несигурност и неизвесност и ќе овозможи побезбедна и попредвидлива перспектива- вели Димитров.”

Министрите симбилично означија нов почеток во дигитализацијата на дипломатскиот архив на МНР, инаугурирајќи го Проектот за дигитализација поддржан од Министерството за надворешни работи на Турција, а финансиран од страна на турската агенција за соработка и развој – ТИКА.

Треба да знаете
Последни објави