Search

Србин се обидел да убие Македонец на Малта

Полицијата на Малта го бара Србинот кој е осомничен за наводниот обид за убиство на Македонец, во Бугиба на северот од Островот.

Тешко повредениот 58-годишен Македонец е во тешка здравствена состојба по нанесените повреди.

View image on Twitter

Како што пишуваат тамошните медиуми, нападот се случил во понеделникот околу 21 часот, на улицата Пајонир во Бугиби. Македонецот бил тешко повреден откако тој претходно се обидел да го убие Србинот.

Како што пишува „TVM“, полицијата добила повик во понеделникот дека дошло до пресметка, при што едно лице било избодено со нож.

Повредениот крвав влегол во болницата „Матер деи“, каде му била пружена медицинска помош, а потоа дошла и полицијата за да обезбеди повеќе информации.

Во моментов се трага по сторителот на делото, а од полицијата замолија сите кои имаат некакви информации за напаѓачот да пријават во најблиската полициска станица.
Треба да знаете
Последни објави