Search

СП У19: Младите ракометари поразени во осминафиналето од Португалија

Машката кадетска репрезентација на Северна Македонија вечерва доживеа пораз од Португалија, 29:25 (15:12) во првата фаза од елиминациите на Светското првенство кое се игра во Скопје и ќе игра за пласман од 9 до 16 место.

„Црвено-жолтите” одиграа одличен натпревар против селекцијата која имаше пет победи на пет меча во групната фаза. До самиот финиш бевме во игра за позитивен резултат, но „морепловците”, кои играат со „вајлд карта” на шампионатот, покажаа повеќе нерви и концетрација и се пласираа во четвртфинале,каде ги очекува екипата на Франција.

Најдобар стрелец кај „жолто-црвените” беше Мартин Серафимов со 9 гола, а Младеновиќ додаде 7. Кај Португалија најдобар беше Мораиш со шест гола.

Треба да знаете
Последни објави