Search

СП ракомет: Познати полуфиналните двојки

По одигрувањето на натпреварите од последното коло во главната групна фаза, формирани се полуфиналните двојки на Светското првенство во ракомет што се одржува во Германија и во Данска.

 

Во полуфиналните пресметки ќе се сретнат:

Данска – Франција 

Германија – Норвешка.

Двата натпревара ќе се играат утре во Хамбург, првиот од 17:30 часот, вториот со почеток во 20:30 часот.

Во дуелот за петто место во Хернинг во сабота Хрватска се среќава со Шведска со почеток во 20:30 часот.

Три часа порано исто така во дански Хернинг за седмо место ќе играат Шпанија и Египет.

Треба да знаете
Последни објави