Search

„Спутник“ со нов доказ за постоењето таен украински затвор во Мариупол

„Спутник“ дојде до нов документарен доказ за постоење таен затвор на Киев на аеродром во источниот украински град Мариупол и планира преку серија статии да ја објави својата истрага за затворот, кој го води озлогласениот баталјон „Азов“ на украинскатат Национална гарда со скриена поддршка на Службата за безбедност на Украина (СБУ ).

На прес-конференција во Москва во март, поранешниот офицер на СБУ, Василиј Прозоров, претстави фотографии со кои се докажува постоењето на овој неофицијален затвор. Тој тврди дека повеќе од 300 луѓе поминале низ овој затвор во летото и есента 2014 година, а две лица починале во текот на овој период.

„Спутник“ ги интервјуирал и поранешните затвореници и затворскиот персонал за да го докаже постоењето на затворот. Тие исто така поседуваат видео-материјали и медицински докази, обезбедени од Украина и од самопрогласената Донецка Народна Република.

Освен тоа, набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина го потврдиза „Спутник“ постоењето на овој таен затвор.

Олга Селецкаја, жителка на Мариупол, која учествувала на митинзите за поддршка на федерализацијата на Украина, била меѓу оние што биле притворени во затворот. На 29 август 2014 година, офицерите на Азовскиот баталјон ја притвориле во центарот на Мариупол. Според Селецкаја, меѓу нив бил и Прозоров.

Селецкаја, исто така, потврди дека Прозоров бил присутен за време на сослушувањата во својство на офицер на СБУ. Жената исто така препознала тројца затвореници на фотографиите што ги обезбедил Прозоров.

Треба да знаете
Последни објави