Search

Според српски медиуми Путин не доаѓа во Белград, а руската амбасада демантира

Рускиот претседател Владимир Путин ја откажал најавената посета на Србија за 20 октомври, пренесуваат српскиот портал Нова и весникот Данас. Како што наведуваат изворите на Данас, Кремљ не открил зошто Путин се откажал од најавеното доаѓање, „но на Русите секако не им е по волја неодамнешното српско приближување кон американските позиции“.

И порталот Нова.рс, повикувајќи се на свои извори, го јавува истото.

„Путин нема да дојде во Србија, иако тоа со месеци беше најавувано. Неговото доаѓање беше предвидено за 20 октомври, кога се прославува Денот на ослободувањето на Белград. Тогаш требаше да присуствува на церемонијата на осветување на храмот Свети Сава. Меѓутоа, тој речиси сигурно нема да биде тука тој ден“, наведува извор од Српската православна црква за Нова.

Рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан Харченко, изјавил дека „неверојатните пишувања во весникот Данас дека рускиот претседател Владимир Путин ја откажал посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ и официјален Белград е целосна измислица“.

„Нема никаква врска со реалноста и е целосна и неодговорна измислица“, напишал Карченко на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави