Search

Специјалното обвинителство на Косово бара одделенија ­­за тероризам, корупција и финансиски криминал

Главниот обвинител на косовското Специјално обвнителство Блерим Исуфај побара од Советот на обвинители на Косово и од главниот косовски обвинител да донесат одлука за формирање дополнителни одделнија на Специјалното обвинителство, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на Специјалното обвинителство се наведува дека барањето се заснова на стратегијата за реорганизација на тоа тело која e подготвена на барање на Исуфај, откако на крајот на декември минатата година ја презеде функцијата главен обвинител.

Според тој предлог, покрај одделенијата за воени злосторства, при Специјалното обвинителство би се формирале и одделенија за организиран криминал и други кривични дела за кои е надлежно тоа обвинителство, за тероризам, корупција и финансиски криминал.

Како што се наведува, целта на формирањето на овие одделенија во рамките на Специјалното обвинителство на Косово, е „да се зголеми ефиканоста, ефективноста, одговорноста и квалитетот на работата”.

Треба да знаете
Последни објави