Search

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија на разговори за турската офанзива

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Жиер Педерсен ќе разговара во Дамаск со сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Муалем, потврди неговата портпаролка.

Се очекува Педерсен да зборува за турската офанзива во североисточниот дел на Сирија.

Планирано е тој да се осврне и на подготовките за првиот состанок на Уставниот комитет за Сирија, кој треба да се одржи на 30 октомври во Женева.

Треба да знаете
Последни објави