Search

Спасовски: Судиите не одредуваат или укинуваат притвори па Камчев слободно се шета

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечершаното гостување на телевизија 24 ги критикуваше Основното јавно обвинителство, СЈО и Судот за тоа што не одредува и укинува мерки за претпазливост за обвинети и осомничени.

-Сите сте сведоци што ни се случува со луѓе кои има шанси да ја напуштат Македонија. Системот мора да се консолодира, и судовите . Во тој момент немаше ниту една мерка за Груевски. Сега гледаме како Камчев слободно се шета низ Европа, им се враќаат пасоши, се пуштаат од притвор… Каде што системот е еродиран, мора да се санира, рече Спасовски.

 

Според него,  кога ќе има доволно информации за начинот на кој се случи бегството на екс премиерот Никола Груевски ќе излезе Јавното обвинителство кое ја води истрагата со конкретни информации. Сите истражни дејства од страна на МВР се доставени до ЈО за гонење на организиран криминал.

– Груевски не му побегна на Оливер ниту на МВР. Од МВР немаше налог, потенцираше Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави