Search

Спасовски: СДСМ го донесе Законот за минимална плата и ја покачивме на 14.500 денари, кукавиците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата

Интензивно ги остваруваме ветувањата од „План за живот”. Ветивме и ја зголемивме минималната плата за цели 5.500 денари, од 9.000 денари на 14.500 денари. Ниту еден граѓанин повеќе не е дискриминиран. Додека СДСМ се бореше за гласање на Законот за минимална плата, кукавиците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската седница како што впрочем бегаат од сите добри работи за граѓаните на нашата држава. Додека тие земаа, ние ги враќаме парите кај граѓаните, потенцираше потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат” во Неготино.

Зад нас е долга листа на остварени ветувања кои носат придобивки за граѓаните и ги враќаат парите назад во семејните буџети на граѓаните, рече Спасовски.

Го решивме проблемот со стечајците без никаква селективност, денеска повеќе од 10 600 стечајци земаат паричен надомест и живеат достоинствено. Ја вративме евтината тарифа на струјата, ја укинавме радиодифузната такса, за повеќе пари да остануваат во секое семејство. Ја зголемивме социјалната помош за 300% и го зголемивме опфатот на граѓани за надомест за детски додаток. Во времето на режимот социјалната помош по семејство изнесуваше 3.600 денари, денеска тој надоместок е 12.000 денари, затоа има разлика, затоа не сме исти како нив и затоа убедливо ќе победиме на 12 април, заклучи Спасовски пред огромниот број присутни граѓани на Неготино.

Треба да знаете
Последни објави