Search

Спасовски од трибината во Неготино: Борбата против режимот донесе важни промени, од заробена држава денес имаме слободна и демократска држава

Сите напори и сите заложби во борбата против режимската власт се исплатеа, од заробена држава денеска имаме слободна и демократска држава, пријател со демократскиот свет, посочи потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на граѓанска трибина „На прав пат” денеска во Неготино.

Бевме подготвени на се, дури и ризикот по живот од настаните на 27 април и подготвеноста ако треба и животот да се даде за ослободување на државата. Успеавме Заедно со вас почитувани граѓани. Бевме спремни да го дадеме животот затоа што знаевме дека само слободна Македонија може да оди напред – посочи Спасовски.

Сега повторно ја живееме слободата и демократијата, но не сме заборавиле како 11 години се живееше во изолација, страв и закани, со монтирани процеси за пресметка со неистомислениците, како беше згазена слободата на медиумите и на слободното изразување.

Не беше лесно, но бевме решителни, не калкулиравме, мислевме на државата, на граѓаните и на иднината. И успеавме заедно со вас.-заврши Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави