Search

Спасовски нуди препакувани лаги од 2016-та. Обновата ќе донесе 20% повисоки пензии и 25% повисоки плати

Оливер Спасовски без срам ги лаже пензионерите дека пензиите ќе растат со растот на платите, а неговата власт го укина токму тој основ во законот за растење на пензии и им ускрати по 100 евра на секој пензионер годишно.
Јасно е дека со Спасовски и Заев на власт економијата не само што не блеска, туку тоне.
Просечната плата е пониска за 5%, 30.000 граѓани немаат земено априлска плата, јавниот долг е зголемен за 5% за само пола година, над 15.000 работници го изгубиле своето работно место, реализацијата на капитални инвестиции е катастрофално лоша од само 18% за половина година.
Се пораз до пораз. Се неуспех до неуспех.
Тоа мора да престане. Залудни се нивните препакувани лаги од 2016-та година. Народот на овие избори ќе избере Обнова, затоа што знае дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го вети и ќе го реализира. ВМРО-ДПМНЕ им нуди на граѓаните 25% повисока просечна плата и 20% повисоки пензии до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Невработеноста ќе падне под 10%, а Обнова ќе донесе и повеќе работа за младите со 0% персонален данок за млади до 29 години, инвестиции во патишта инфраструктура и уште 1000 други проекти во програмата.
Затоа СДСМ, Спасовски и Заев се очајни, бидејќи народот може да направи разлика и ќе даде огромна поддршка на Обновата.
СДСМ, Спасовски и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Треба да знаете
Последни објави