Search

Спасовски на трибина во Пробиштип: Продолжуваме заедно напред по вистинскиот пат на развој, напредок и интеграција

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски вчера учествуваше на граѓанска трибина во Пробиштип каде со граѓаните зборуваше за спроведените реформи на Владата предводена од СДСМ, евроинтеграциските процеси и важноста на претстојните претседателски избори.

Спасовски се осврна на евроинтеграциите и помирувањето со соседите како концепти кои, како што рече, овозможија државата да се движи по вистински пат.

„Ги реализираме заложбите на сите граѓани од осамостојувањето, нашата држава да биде дел од најмоќните сојузи ЕУ и НАТО. Успешните евроинтеграциски процеси и помирувањето со соседите обезбедија поддршка и мотив да продолжиме напред. Нашите соседи од држави со кои бевме во конфликт сега се наши промотори и поддршка. Го вративме кредибилитетот на државата ширум светот. Чекориме напред кон европска иднина, подобар животен стандард за сите“, порача Спасовски.

Тој ја потенцираше и важноста на претстојните претседателски избори.

„Опозицијата нема став, нема концепт нуди изолација и враќање во темното минато, но граѓаните нема да го дозволат тоа. Граѓаните се цврсто определни да продолжат напред кон стабилност, сигурност и економски напредок и затоа, Стево и неговиот концепт се единствениот избор со кој државата може да продолжи напред. На овие избори да продолжиме заедно напред кон вистинскиот пат“, повика Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави