Search

Спасовски за предлогот на ДУИ за кандидат премиер: Одлучуваат граѓаните, доста е со национализми, уцени не се прифатливи

„Концептот Македонија – Едно општество за сите, нема алтернатива. Доста е со национализми и со делби. Никој не смее да уценува. Владата се прави врз основа на принципи и програми. Нема концепт за размена на пратеници, ова беше синтагма колку ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби на изборите. Никој не може да забележи на СДСМ за еднаквиот третман кон сите. Треба да дојде квалитетот до израз и одлуката на граѓаните и врз основа на тоа ќе седнеме да разговараме за составот на новата Влада. Но за нас уцена не е прифатлива”, одговори Спасовски во дебатата на ТВ Телма.
Треба да знаете
Последни објави