Search

Спасовски во Кратово: Пендаровски е кандидат со кого знаете на што сте

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, вечерва беше во Кратово, на средби со граѓаните на овој град.

Во обраќањето пред насобраните граѓани, Спасовски потсети на сите, како што рече, позитивни промени што владата предводена од СДСМ ги направила за краток период. Според него, напредокот е очигледен и сега, на претстојните избори е важно да се продолжи по тој пат.

„Гласот за Пендаровски е глас за напредокот да продолжи. Од едната страна e Стево Пендаровски со кој знаете на што сте! Нема импровизации, нема гол популизам и лажни ветувања! Пендаровски е вистински, достоен претставник на државата и на граѓаните. Тој ќе обезбеди најмногу придобивки за граѓаните на нашиот пат кон НАТО и ЕУ“, рече Спасовски на митингот во Кратово.

За опцијата на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот на СДСМ рече дека сè што зборува Мицкоски е тоа што го мисли Груевски.

„Има огромна разлика помеѓу нашиот концепт за напредок и нивниот за враќање назад. За само неколку месеци ја зголемивме минималната плата, имаме рекордни инвестиции, ја вративме евтината струја, го решивме проблемот со стечајците, ја вративме земјата на вистинскиот пат“, нагласи Спасовски и ги повика жителите на Кратово да го поддржат напредокот.

Треба да знаете
Последни објави