Search

Спалети преговара со Милан да седне на жешкото столче

Поранешниот тренер на Интер, Лучијано Спалети може да го презмее кормилото на Милан, јавуваат италијанските медиуми. Според „Газета дело спорт” Милан” преговара со Спалети и е на добар пат да се догвората да отпочната соработка.

Милан и Спалети треба да ги договорат условите за личниот договор, но стратегот треба да раскине и со Интер,  со кого сè уште има важечки договор до 2021 година и покрај отказот што го доби.

Актуелниот тренер на Милан, Марко Џампаоло се погласно се шпекулчира дека ќе добие оставка. Шеесет годишниот Спалети, пред Интер ги предводеше Рома (два пати), Зенит, Удинезе (два пати), Анкона, Венеција, Сампдорија и Емполи.

Треба да знаете
Последни објави