Search

Со одлуката на Уставен, пропадна обидот за спас на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, сите отворени предмети да добијат епилог

Прес-конференција на Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка и  координаторка на Форум на жени на СДСМ

„Уставниот суд одлучи дека повлекувањето на аболицијата на претседателот Иванов е уставно и законско затоа што на граѓаните не смее да им се скрати правото за повлекување на аболицијата ако сметаат дека невиноста можат да ја докажат во судска постапка.

Со ова падна во вода обидот на ВМРО-ДПМНЕ преку Ѓорге Иванов да ги спаси криминалците во сопствените редови. За потсетување, во 2016 година Иванов во обид да ги спаси криминалците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги аболицираше сите обвинети во предметите на Специјалното јавно обвинителство, а потоа под притисок на граѓаните и Шарената револција одлучи, аболицијата да ја повлече.

Токму повлекувањето на аболицијата и нејзината уставност, беше сламката на спас на обвинети, но и осудени лица од предмети на СЈО.

Со одлуката на Уставниот суд, пропадна и последниот обид на обвинетите лица, да се амнестираат од одговорност. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно не успеаја да го одбранат криминалот во опозициската партија.

Сега, предметите подигнати и водени од СЈО треба да добијат правна разрешница, низ ефикасни, транспарентни и законски судски рочишта.

Со носењето на Законот за Јавно обвинителство, за кој ВМРО-ДПМНЕ правеше се за да не се донесе, предметите на СЈО сега се во надлежност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Сега се гледа зошто ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски, со сите сили се обидуваше да го закочи носењето на овој закон, важен за правната држава, важен за реформскиот процес. Затоа што се против правдата, затоа што се на страната на криминалот.

Време е за ред, правда и дисциплина на сите нивоа. Време е надлежните институции, судовите, обвинителствата да се водат по законите и да испорачаат правда за сите отворени предмети, особено за оние кои се однесуваат на висока корупција. Република Северна Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднаквот. Одговорност мора да има и ќе има, за секо што ги прекршил законите без разлика на неговата сегашна или мината функција, без разлика на неговата партиска припадност.

 

Треба да знаете
Последни објави