Search

Со забраната за напуштање на матичните општини не е прекршен Уставот на Словенија

Уставниот суд на Словенија пресуди дека  одлуката на Владата за забрана на движење на граѓаните надвор од нивните матични општини за време на првиот бран на пандемијата со Ковид-19 во средината на април не била прекумерна и не ги ограничувала личните слободи загарантирани со Уставот.

Според Уставниот суд, човековите права можат да бидат ограничени во исклучителни, со Устав утврдени ситуации, со цел да се заштитат правата на другите.

Според четворица од вкупно петте судии во Уставниот суд, во членот 32 од Уставот се утврдува дека слободата на движење може да биде ограничено од здравствени причини, во случај на појава на заразни болести, поради што одлуката на Владата не била несразмерна односно прекумерна.

Тие наведоа дека Владата со оглед на тогаш достапните информации за Ковид-19 имала оправдана причина да ги „затвори” општинските граници со цел да се спречи ширењето на епидемијата.

Треба да знаете
Последни објави