Search

Социјални мрежи се подготвуваат за борба со нови строги правила во Индија

Технолошки гиганти се подготвуваат да се борат со новите строги правила кои индиската влада сака да ги воведе за контрола на социјалните мрежи.

Промените предложени од страна на Министерството за информатичка технологија бараат платформи како Фејсбук, Ватсап и Твитер да отстранат нелегална содржина во рок од 24 часа. „Нелегална содржина” значат пораки што влијаат врз „суверенитетот и достоинството на Индија”.

Мерките се предмет на јавна дебата до 31 јануари, кога ќе бидат усвоени како закон.

Во мај ќе се одржат парламентарни избори во земјата, а властите стравуваат дека социјалните мрежи можат да се користат за дистрибуција на лажни вести и влијание врз гласањето. Но, нивните предлози беа критикувани како цензура од активисти за човекови права и претставниците на индустријата.

Треба да знаете
Последни објави