Search

Соуза се најде меѓу кандидатите за тренер на Арсенал

Тренерот на францускиот Бордо, Пауло Соуза е еден од кандидатите да седне на првото тренерско столче на клупата кај англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал. Според францускиот “L’Ekip” челниците на тимот од Лондон веќе стапиле во контакт со Соуза и неговиот стручен штаб да се распрашаат дали сака и под кои услови да почне со работа во Арсенал.

По отказот кој му беше врачен на Унаи Емери, „топчиите“ сега ги предводи Фредрик Љунгберг кој во понеделникот ја запиша првата победа како кормилар против Вест Хем (3:1).

Соуза во својата тренерска кариера веќе има искуство со екипите на Островот. Ги има предводено тимовите на Квис Парк Ренџерс, Свонси и Лестер, а последните неколку години ги мина како тренер на Видетотн, Макаби Тела Авив, Басзел, Фиорентина и кинескиот Тјанџин. Бордо под водство на Соуза сезонава е на петтото место во француската Лига 1 со 26 бода.

 

Треба да знаете
Последни објави