Search

Состојба со Ковид-19 во светот до 13 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 435.366 луѓе заразени со новиот коронавирус. Смртни случаи има 19.618, а оздравеле 111.878 лица.

Иран – Вкупниот број заразени со Ковид-19 е 27.017. Борјот на починати е 2.077, за 143 повисок во изминатите 24 часа што е рекорден број од почетокот на епидемијата во државата.

Турција – Приведени над 400 луше поради провокации во врска со новиот коронавирус.

САД – Тројца американски морнари од носачот на авиони Теодор Рузвелт се позитивни на коронавирусот.

Холандија – Успорена стапката на пренесување на коронавирусот. Според проценки на Националниот институт за здравство, мометно едно заразено лице заразува едно друго лице. – Тоа значи дека експоненцијалниот раст на епидемијата е запрен, изјави ван Дисел, шеф на Националниот институт за здравство.

Шпанија – Во изминатите 24 часа починаа 738 луѓе, со тоа државата ја престигна Кина и е втора држава во светот по број на смртни случаи од коронавирусот по Италија. Вкупно има 3.434 смртни случаи досега.

Романија – Над 900 заразени, државата купува медицинска опрема од Јужна Кореја.

Треба да знаете
Последни објави