Search

Сорос вети една милијарда долари за универзитетите за зајакнување на демократијата

Американскиот инвеститор Џорџ Сорос планира да донира една милијарда долари на универзитетите за да ја зајакне демократијата и да ги образува прогонетите заедници, објави Сорос синоќа на маргините на Светскиот економски форум во Давос.

Тој сака да ги поврзе постојаните универзитети низ светот, како одговор на глобалното затоплување, протестните движења во светот и политичките трендови.

„Минатата година најсилните сили – САД, Кина и Русија, останаа во рацете на диктаторите или оние кои сакаат да бидат диктатори, а бројот на авторитарни лидери продолжи да расте“ рекол 89-годишниот милијардер на вечерата која ја организира секоја година на Светскиот економски форум во Давос.

Средноевропскиот универзитет (ЦЕУ) кој го основа и финансира Сорос, ќе биде дел од мрежата. Сорос мораше да го пресели ЦЕУ од Будимпешта во Виена минатата година откако Унгарија законски ја оневозможи работата на универзитетот.

Дел од средствата на Сорос ќе бидат донирани на студенти бегалци и затвореници, како и студенти Роми и Рохинџи.

Треба да знаете
Последни објави