Search

Сопственикот на модното царство Керинг ќе даде 100 милиони евра помош за обнова на катедралата

Сопственикот на модното царство Керинг, францускиот милијардерот Франсоа Анри Пино ќе даде 100 милиони евра помош за обнова на катедралата.

,,Мојот татко и јас одлучивме да одвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр Дам”, се вели во соопштението на Пино. Пино е прв човек на компанијата Керинг, која е сопственик на брендовите Гучи и Сен Лорен и претседателот на компанијата која ја поседува познатата аукциска куќа Кристис.

По осумчасовна по борба со огнената стихија, француските пожарникари успеаа да го локализираат огромниот пожар во Богородичната црква во Париз (Нотр Дам) во 3 часот по полноќ.Во пожарот целосно се уништени куполата и високиот столб кој се издигаше над катедралата, а големата камбана е спасена.

Треба да знаете
Последни објави