Search

Сопружници од Делчево повредени во судир на автомобил и комби

На 07.11.2019 во 11.40 часот на магистралниот пат Кочани – Делчево, на место викано „Каменолом-Драка“, атар на Виница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „нисан“, со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(71) од Делчево и товарно возило „форд транзит“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.С.(31) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.С. и сопатничка од истото возило Ј.С.(67), по што биле пренесени во Медицинскиот центар во Кочани за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од Полициската станица Виница.

Треба да знаете
Последни објави