Search

Сопругата на Пендаровски: Тој е столб на семејството, таков ќе биде и за својата земја

Сопругата на Пендаровски: Тој е столб на семејството, таков ќе биде и за својата земја

Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, го поддржа политичарот преку видео-обраќање.

– Не постои подобро чувство од тоа дека некој е секогаш тука. Подадена рака. Заштита. Човек од збор. Да поттикне радост и да намали тага. Да не се повлече никогаш. Таков е Стево, го знам 23 години и отсекогаш знам дека тој е човекот на кој можам да сметам. Бескрајно посветен, чесен, храбар, секогаш тука за другите. Претседателот е само функција и нема да ја промени личноста, достоинствена и одговорна. За него неуспехот не е опција. Тој е столб на семејството, таков ќе биде и за својот народ, за својата земја. Токму затоа знам дека со него сите ќе одиме напред – вели Ѓоргиевска, која работи на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

Таа му даде поддршка и на претседателските избори во 2014 година со обраќање на конвенцијата во Универзалната сала во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави