Search

Сопатник тешко повреден во сообраќајка

Сопатник бил тешко повреден откако автомобилот во кој се возел излетал од патот и се превртел, вчера на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 11.40 часот. Скопјанецот З.К.(62) управувајќи автомобил „цитроен“, изгубил контрола и излетал од патот. Од ударот со тешки повреди се здобил сопатникот Г.М.(57) од Скопје.

По укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа во Свети Николе, тешко повредениот бил пренесен во болницата во Штип. со возило на Итна медицинска помош, бил префрлен во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Треба да знаете
Последни објави