Search

Сообраќајна расправија завршила со тепачка во Гостивар

Синоќа во 20.10 часот во Полициската станица Гостивар Б.С.(39) од Гостивар пријавил дека околу 18.30 часот, додека со неговиот другар Р.Р.(43) се движел со патничко возило од с.Дебреше кон Гостивар, друго возило, џип „ленд ровер“ му го попречило патот и од возилото излегле три непознати лица и физички ги нападнале со тврди предмети. Според пријавеното, причина за нападот било претходно недоразбирање околу сообраќајот. Се работи на расчистување на случајот, информира полицијата.

Треба да знаете
Последни објави