Search

Сончево со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен ветер најчесто од североисточен правец.

Минималната температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната од 28 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 34 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.

Веќе од утре и за време на викендот се најавува умерен до засилен северен ветер кој ќе донесе благо намалување на температурите, а од понеделник следува период на стабилно и доста топло време. Во петок понекаде можна е појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Треба да знаете
Последни објави