Search

Сончево со температура до 22 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне 19 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и топло време со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени. Нов влажен бран се очекува во понеделник кон крајот на денот, како и во вторник кога ќе има и заладување.

Треба да знаете
Последни објави